prev next front |1 |2 |3 |4 |5 |6 |7 |8 |9 |10 |11 |12 |13 |14 |15 |16 |17 |18 |19 |20 |21 |22 |23 |24 |25 |26 |27 |28 |29 |30 |31 |32 |33 |34 |35 |36 |37 |38 |39 |40 |41 |42 |43 |44 |45 |46 |47 |48 |49 |50 |51 |52 |5354 |55|56 | review
Guillain-Barré (GBS) синдромот е болест во која човековото телоги напаѓа сопствените нервни клетки (не во големиот и рбетниот мозок) што резултира со појава на мускулна слабост и понекогаш со парализи.
GBS може да трае повеќе недели или месеци.
Повеќето луѓе се опоравуваат комплетно или речиси комплетно, но кај некои промените се трајни и иреверзибилни: 5-6% од умираат.
GBS ги зафаќа сите луѓе независно од полот, возраста и расата.
Развојот на GBS може да биде предизвикан од инфекција.
Инфекција што најчесто претходи на синдромот на GBS е предизвикана од бактеријата Campylobacter jejuni.
Други гастроинтестинални или респираторни инфекции може исто така да предизвикаат епизоди на синдромот на GBS.
Во 1976 вакцнацијата против свински грип беше здружена со појава на синдромот на GBS.
Повеќе студии беа покренати за да се утврди дали дали други вакцини против грип се здружени со појава на синдромот на GBS.
Само една од овие студии покажува поврзаност. Оваа студија укажува дека ризикот за појава на синдромот на GBS поврзан со вакцинацијата против грип може да биде еден случај на милион вакцинирани лица.

ИЗВОР: CDC